background

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО


Аплицирањето за повикот за најдобра бизнис-идеја започнува на: 21 септември 2017 година и ќе трае се до 22 октомври, 2017 година.

 

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, може да аплицираат со пополнување на формата во полето Аплицирај.

Од 23 октомври до 1 ноември 2017 година ќе се разгледауваат сите пристигнати апликации и ќе бидат одбрани 5 финалисти, кои ќе бидат јавно објавени на веб-страницата на прокетот.


Услови за учество:

  • Право на учество имаат сите студенти и млади луѓе со претприемнички и иновативен дух кои се на возраст од 18 до 35 години;
  • Секој учесник на повикот може да аплицира сам или во тим составен од најмногу 4 лица. Секој поединец или тим има право да аплицира само со една бизнис-идеја;
  • Учесниците треба да бидат државјани на Р. Македонија;
  • Аплицирањето се врши онлајн, со пополнување на формуларот што е поставен на веб-страницата на „Чиста 10-ка“;
  • За разгледување ќе бидат прифатени сите апликации кои ќе бидат доставени заклучно до истекот на крајниот рок за аплицирање, 22.10.2017 година до 23.59 часот;
  • По официјалното прогласување на победникот, треба да се основа трговското друштво на територијата на Р. Македонија кое ќе ја реализира идејата.

 


Критериуми за оценување и избор на најдобрата бизнис-идеја:

  • Изглед, начин и квалитет на изготвување на апликацијата;
  • Генијалност на идејата;
  • Начин и можност за изведба / реализација на бизнис-идејата;
  • Капацитет на тимот за реализација;
  • Финансиска издржаност на проектот;
  • Пазарен потенцијал;
  • Квалитет и ефективност на финалната презентација пред Комисијата.

Услов за добивање на паричниот износ е формирање на трговско друштво кое ќе биде добитник на паричниот износ, а кое ќе биде основано по завршување на натпреварот. Носителот на наградената идеја мора да биде и основач и сопственик на трговското друштво. Истото важи и кога идејата има повеќе носители. Потребна ќе биде и потврда, решение од Централниот регистар на РМ за новорегистрирано трговско друштво. Средствата ќе се исплаќаат сукцесивно, зависно од предвидената реална потреба во согласност со бизнис-идејата, сè до целосно искористување на износ предвиден со апликацијата, но најмногу до 10.000,00 евра.


Рокот за доставување на апликациите по јавниот повик
трае до 22 октомври 2017 година до 23.59 часот.


Аплицирањето со бизнис-идејата
ќе се врши по електронски пат на веб-страницата www.cista10.mk, со пополнување на апликацијата на англиски јазик поставена во делот „Аплицирај“.


Забрана за учество
имаат лицата вработени во Охридска банка АД Скопје, како и членовите на нивните потесни семејства

Изборот на најдобра бизнис-идеја ќе го врши комисија составена од 5 члена, составена од вработени во Банката и од надворешни стручни и компетентни лица.

За дополнителни информации можете да се обратите на contact@cista10.mk.


Забелешка:

  • Од сите пристигнати апликации, најдобрите ПЕТ ќе бидат објавени на веб-страницата на проектот најдоцна до 1 ноември, а финалистите ќе бидат повикани на 10-минутна презентација на својата идеја пред Комисијата на проектот. Со финалистите ќе бидат снимени и видеоискази во траење од 40 секунди во кои тие ќе треба накратко да објаснат зошто токму нивната идеја треба да биде победник;
  • Прогласувањето на победникот од страна на Комисијата ќе биде на 8 ноември 2017 година;
  • Со самото испраќање на апликацијата, учесниците, односно апликантите, неотповикливо прифаќаат и се согласуваат нивните податоци да бидат предмет на обработка за потребите на конкурсот;
  • Банката се оградува од каква било одговорност во случај до неа да бидат доставени копирани, преземени и неавторски бизнис-планови и се оградува од можноста да биде вмешана во евентуален судски спор кој може да настане помеѓу учесниците апликанти и трети лица. Одговорноста во вакви случаи е исклучиво на учесникот апликант;
  • Организаторот Охридска Банка АД Скопје нема обврска да ги рефундира, односно да ги надомести средствата што апликантите ги потрошиле за изработката на бизнис-идејата;
  • Доколку кај некој од членовите на Комисијата постои конфликт на интереси (роднинска или бизнис-врска) во однос на некој од апликантите, ќе биде побарано тој член да отстапи од оценување на конкретната идеја;
  • Нецелосните апликации нема да бидат предмет на разгледување.