background

НАГРАДЕН ФОНД

Наградниот фонд, определен за овој јавен повик, е во вкупен износ од 10.000 евра, пресметани во денарска противвредност, според средниот курс на НБРМ на денот на исплатата на средствата.

Овој фонд е определен и ќе му биде исплатен на победникот сукцесивно, зависно од потребите на самиот бизнис, но најдоцна во рок од една година.

Бизнис-идеите, чијашто финансиска конструкција има потреба од помалку финансиски средства за основање бизнис, ќе го добијат оној износ којшто е реално потребен, до максимален износ од 10.000 евра.