background

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ
ПРАШАЊА

– На натпреварот „Чиста 10-ка“ единствено може да се аплицира со една бизнис-идеја од еден учесник/тим.
– Натпреварот „Чиста 10-ка“ Ви овозможува да се пријавите индивидуално, но и тимски.
– Во тимот може да учествуваат максимум четири члена.
– Во натпреварот „Чиста 10-ка“ можете да аплицирате преку пополнување на образецот во полето Аплицирај.
– Не можете да учествувате во натпреварот „Чиста 10-ка“, доколку веќе сте сопственик на претпријатие. Можете да учествувате во натпреварот единствено ако создадете бизнис-идеја за претпријатие кое ќе треба да го формирате по завршувањето на натпреварот.
– Проектот „Чиста 10ка“ е наменет за сите лица на возраст од 18 до 35 години, така што топло Ве покануваме да учествувате со Ваша оригинална бизнис-идеја.
– Целосната документација за учество во натпреварот „Чиста 10-ка“ е опфатена во полето Аплицирај.
– Паричниот фонд од „Чиста 10-ка“ ќе биде исплатен по оформувањето на Вашето претпријатие, што воедно е услов за исплаќање на средствата.
– Освоената сума од паричниот фонд на „Чиста 10-ка“ ќе се исплаќа сукцесивно, зависно од предвидената реална потреба во согласност со бизнис-идејата, сè до целосно исцрпување на фондот, но најмногу до 10.000 евра.
– Освоените средства од паричниот фонд ќе бидат исплатени во денарска противвредност.
– Учесникот/тимот кој со својата апликација ќе влезе во петте финалисти, ќе треба да подготви кратка Power Point, не подолга од 10 минути, со која најдобро ќе ја претстави суштината на сопствената бизнис-идеја.
– Видеата со петте финалисти ќе бидат во должина од 30 секунди по учесник/тим и ќе бидат во продукција на Охридска банка Сосиете Женерал. Тие ќе служат за јавно претставување на бизнис идеите и ќе бидат објавени на веб страницата на www.cista10.mk и на Фејсбук профилот на Охридска банка Сосиете Женерал.