background

ЧИСТА 10-КА

Охридска банка Сосиете Женерал

во изминатите десет години работи и се води од принципите на тимски дух, иновација, посветеност и одговорност. Во таа насока, почестени сме да Ви го најавиме проектот „Чиста 10-ка“ со кој имаме цел да оставиме белег и придонес кон заедницата, со надеж дека ќе ја добиеме Вашата поддршка и соработка.

Проектот „Чиста 10-ка“ се спроведува како дел од одбележувањето 10 години присуство на глобалната банкарска групација Сосиете Женерал, во Македонија. Сосиете Женерал е групација која постои повеќе од 150 години на светската банкарска сцена. Енергијата, страста и одлучноста за прогрес на нашите вработени и клиенти, ѝ помогнаа на Сосиете Женерал да прерасне во банката која е денес и која ќе продолжи да биде и понатаму. За групацијата главни корпоративни вредности се иновативноста, одговорноста, посветеноста и тимскиот дух. Од 2007 година, па до ден денес, Охридска банка – Сосиете Женерал ги пренесува истите вредности во своето работење во Македонија.

За Охридска банка Сосиете Женерал, „Чиста 10-ка“ е придонес кон општествената одговорност, што за банката претставува императив во работењето, но и шанса за сите млади претприемачи.

Го создадовме концептот „Чиста 10-ка“ за да ѝ се обратиме на иднината и потенцијалот на земјата, да ги најдеме најдобрите и да им помогнеме полесно да ја остварат својата цел, да успеат во бизнис-окружувањето, да градат стабилна средина и да вработуваат и други потенцијали.
Идејата произлезе од реалната потреба да се поддржат младите талентирани и креативни луѓе, а тоа на крај ќе донесе бенефит за сите.

„Чиста 10-ка“

е иницијатива за промоција и инвестирање во иновативни проекти, идеи и пред сè студенти и млади луѓе, на кои поддршката и финансиската поткрепа им се секогаш добредојдени.

Во концептот можат да учествуваат сите млади граѓани од Р. Македонија од 18 до 35 години, кои имаат креативни, нови и реално остварливи бизнис-идеи.

Најдобрата идеја ќе добие грант од Банката во вредност до 10.000 евра за остварување на тој бизнис како и поддршка од Банката во идните чекори од неговата реализација.

Студентите и младите се највредната иднина. Затоа, преку вложување во нив директно се вложува во пораст на духот, креативноста и иновацијата.