background

АПЛИЦИРАЊЕ

Почитувани можете да аплицирате за конкурсот „Чиста 10-ка“ преку следниве чекори:

 

  1. Кликнете го полето  Аплицирај  на нашата веб страница
  2. При најавата на веб форма која ќе треба да ја пополните, прво мора да креирате профил, или да се најавите преку Вашиот Фејсбук/Линкдин профил
  3. Пополнете ја формата
  4. Целосната апликација треба да биде завршена најдоцна до 22 октомври 2017 г., до 23:59 часот.

Нецелосните апликации, нема да бидат предмет на разгледување.

Во периодот од 23 октомври до 30 октомври 2017, ќе се разгледуваат сите пристигнати апликации и ќе бидат одбрани 5 финалисти, кои ќе бидат јавно објавени на веб-страницата на Чиста 10-ка, на 31 октомври 2017 година.

 

Финалистите потоа ќе треба да ги презентираат своите бизнис-идеи пред Kомисијата за оценување. За таа цел, финалистите ќе мора да подготват Power Point презентација за презентирањето на сопствената бизнис-идеја пред Комисијата за оценување.


Критериумите врз основа на кои ќе се оценуваат бизнис-идеите се:

  • Изглед, начин и квалитет на изготвување на Апликацијата
  • Генијалност на идеја
  • Начин и можност за изведба / реализација на Бизнис идејата
  • Капацитет на тимот за реализација
  • Финансиска издржливост на проектот
  • Пазарен потенцијал
  • Квалитет и ефективност на финалната презентација пред Комисијата.